Тавче Гравче

Taвче Гравче е традиционално македонско јадење.



Потребни состојци:

- Тетовски грав - Кромид - Масло - Брашно - Црвени суви пиперки - Сол - Црн бибер - Нане - Магданос - Лук (по желба)

Подготовка: Измијте го гравот и сварете го. Внимавајте да не се развари (зрната треба да останат цели. Исцедете го (но не сосем, треба да остане малку вода), потоа додајте сол и малку пропржен ситно сецкан кромид со повеќе масло, во кој сте ставиле црвен пипер. Вака приготвениот грав ставете го во тава (најдобро е земјена), залејте го со малку масло, посипете малку брашно, ситно исецкан магданос и нане и наредете неколку црвени суви пиперки. Додајте црн бибер и по желба неколку чешниња лук. Вака приготвеното тавче ставете го во рерна да се пече. Во летна сезона можете од горе да наредите по малку тркалца домати и зелени пиперки.